Кекеновски: Зоти Ахмети, до кога ќе се правиш недоветен?

Од:

Што се не ќе кажат ова лидериве на политички партии и пак ке останат живи. Така на пример во интервју за телевизијата 21, лидерот на ДУИ, Ахмети, смета дека објавувањето на бомбите го нарушуваат угледот на земјата пред меѓународниот фактор и да престане нивното објавување!!!!!!

Добро бре зоти Амети, до кога ќе се правиш недоветен? Демек не си ти од тука, небарем си паднал од Марс!!Зошто објавувањето на бомбите го нарушува угледот на земјата пред меѓународниот фактор?Затоа што преку нив дознавме кој начин сте владееле со твоето омилено коалиционо другарче, како сте ги добивале изборите, на кој начин некој си купувал плацеви и станови по багателна цена, како се правеле напори да се прикријат убијци и сторители на кривични дела, како сте договарале тендери, како некој договарал провизии и отварал стотици оф шор компании, како сте го контролирале судството, обвинителството и сите институции, како и многу други работи.

Во ова ли другар Ахмети се состои нарушувањето на угледот на државата?Не другар Ахмети, воопшто не си искрен.
Чинам дека после ова не само на нас туку и на Албанците им е се јасно. Единствено што тебе те плаши, а се обидуваш да кажеш дека се работи за нарушување на угледот на државата, се снимените материјали од твоите разговори и разговорите на твоите соработници. Се плашиш и нив да не ги објават деновиве. Тука е болката и срамот зоти Ахмети. Сметаш дека подобро ќе поминеш ако кажеш вака, и да спасиш што може да се спаси, отколку како твоето омилно коалиционо другарче постојано да повторуваш дека се работи за сечени, креирани, монтирани и лепени материјали.

Напротив зоти Ахмети, објавувањето на бомбите и доаѓањето до вистината е голем бенефит за сите граѓаните на Р. Македонија. Со нив вистината излегува на површина. Сети се само на изјавата на твоето коалиционо другарчето кое пред некоја година изјави „вистината е како шило, в’ти, в’ти и ке излезе на површина”. Излезе вистината на виделина другар Ахмети, и сега нема враќање назад. Секој нека биде спремен да се носи со својот срам и одговорноста која ќе следи во блиска иднина.

Благодарение на снимените материјали се освестуваат дури и оние најзаблудените, најзакоравените приврзаници. Сега и они гледааат со кого си имале работа, кого поддржувале досега. Благодарение на бомбите нема во иднина вакви индивидуи повторно да доаѓаат на политичката сцена. Таквите квази патриоти се веќе минато, еден долг кошмарен сон кој нема да дозволиме пак да ни се повтори.
Јове Кекеновски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

Кекеновски: Да се воведе кризна состојба во целата држава и да се одложат изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Кекеновски: Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија, a Мицкоски не го спречи Преспанскиот договор

Татјана Ташкова