Кекеновски: Зошто санацијата на обиколницата почнува среде кампањата?

Од:

Со обиколница околу Скопје наместо добри не врзуваат само лоши спомени. На ова место се случи убиство на 5 македонски невини деца, за кој случај јавноста се уште нема вистинска информација иако долго време беше лажена дека вистината ќе биде објавена јавно. Некој си играше со чувствата на родителите и останатите и собираше политички поени, истакна денеска Јове Кекеновски, носител на листа за Изборна единица бр. 5 од Коалицијата за промени и правда.

– На 06 август 2016 година на овој дел се случи елементарна природна непогода која направи големи оштетувања на државниот пат А2, односно на делови од обиколницата на Скопје. Животите ги загубија 23 лица, безброј моторни возила беа уништени и однесени од надојдената вода во околните ниви, целото земјоделско производство беше уништено, а домашните животни во голем број беа удавени. Штетата беше огромна. Со оглед на важноста и значењето на обиколницата за градот Скопје како и за цела Македонија утврдена беше потреба од итна санација на истата. Јавното претпријатие за државни патишта по добиена согласност од Советот за јавни набавки, спроведува избор на изведувач на работите (економски оператор) преку преговарање без објавување оглас. Избран со директна спогодба е економскиот оператор ДГТТ ТРАНСМЕТ ДОО – Скопје кој понудил најниска прифатлива цена во износ од 139.976.534,00 денари без вклучено ДДВ или 165.172.310,00 денари с о вклучено ДДВ. (поевтина од Граник и Ескаватори помеѓу 600.000 – 700.000 евра). Временскиот рок за санација на државниот пат А2, Обиколница на Скопје е договорен на 4 (четири) месеци од воведување во работа. Избраниот економски оператор е воведен во работа на ден 21.10.2016 година – рече Кекеновски.

Потсети дека состојбата е статус кво, како што била и дента после поплавата. До денес една лопата нема фрлено. Досега ниту луѓе ниту машини сме виделе. Сериозна е потребата обиколницата најитно да биде оспособена за нормално одвивање на сообраќајот – штетите се големи, смета Кекеновски.

– Зошто избраниот (со директно преговарање) економски оператор и по поминати поминати скоро 1,5 месеци од воведувањето во работане отпочнал со работа? Дали мисли да асфалтира во јануари и во февруари кога температирите се екстремно ниски. Во старт ова значи некавалитетна изведба на работите. Не е отпочнато со обновување на хоризонталната и вертикалната сигнализација долж целата обиколница. Итноста за која е избран изведувачот не налага неработење и чекање на последниот рок, туку работење и побрзо оспособување на обиколницата? Како покрај толку светски реномирани економски оператори е избран оној кој има најмало искуството со оваа работа? Дали најниската понудена и договорена цена (далеку под сите останати) за изведба на работите е само параван и алиби за работата да ја добие фирма блиска до фамилијата, односно до нивниот експонент и гол извршител поранешен министер за транспорт и врски осомничен за повеќе кривични дела, но и сега за жал, министер во сенка кој и понатаму ги влече сите конци во оваа министерство? – праша Кекеновски.

Тој се осврна и на вчерашната анкета на агенцијата Рејтинг објавена на 24 Вести, за која смета дека е манипулативна.

– Агенцијата Рејтинг покажа дека работи и се однесува исто како Институтот Павел Шатев. Во анкетата нема буква „О” од објективност и реалност. Коалицијата за промени и правда има огромни симпатии и рејтинг кај граѓаните на Македонија. За нас секој ден се повеќе се изјаснуваат како неопределеното гласачко тело кое во овој момент брои околу 35%, така и разочараното лево и десно ориентирано граѓанство. Токму тоа е болката и на СДСМ и на ДПМНЕ. И едните и другите се плашат од Коалицијата за промени и правда и се обидуваат со наместени (штелувани) податоци и бројки да го урнат нашиот се поголем рејтинг за сметка на партии и коалиции кои се контролирани и финансирани од нивна страна, но и кои се создадени наменски по нивна нарачка. Им порачуваме дека очајничкиот обид нема да им успее – истакна Кекеновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

Кекеновски: Да се воведе кризна состојба во целата држава и да се одложат изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Кекеновски: Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија, a Мицкоски не го спречи Преспанскиот договор

Татјана Ташкова