Кекеновски: Случајно да ти се всели кираџија и случајно да добива тендери е несериозно и смешно

Од:

Професорот Јове Кекеновски реагира на одговорот на министерот за транспорт и врска Миле Јанакиевски дека случајно неговата куќа во Прилеп е седиштето на германската фирма која ја гради канализацијата во Прилеп и која добила милионски бизнис за проектот координиран помеѓу Владата и општина Прилеп.

kekenovskistatus

Следува интегралниот текст од профилот на Кекеновски.

Нова реприза на пародијата на К-15 ви која ако се сеќавате “ништо не се гледа, ништо не се слуша и никому не кажуе”. За жал, овојпат во улогата на врвен комичар е еден од новодојденците во мојата партија ВМРО-ДПМНЕ -, Mинистерот за транспорт и врски.

Можеш СЛУЧАЈНО да се лизнеш на кора од банана, СЛУЧАЈНО да паднеш и скршиш рака на некој неисчистен од снег тротоар, дури и СЛУЧАЈНО прво вработување да ти е премиерска, министерска или директорска фотеља….. но, СЛУЧАЈНО да ти се всели во твојот стан кираџија и СЛУЧАЈНО истиот да добива тендери е во најмала рака несериозно и смешно!

Колку и да се убедени ,,моите” дека македонецот е слеп, глув и нем мислам дека овојпат со смешното и штуро правдање од страна на службите на Министерството за транспорт и врски, дотичниот министер сам се лизна на мразот пред тврдината на Илинденска бб, но и пред јавноста.

Ајде, еве и да одглумиме хендикепирана нација, сепак гласноговорниците требаше барем да дадат директен одговор на прашањата – колку станови и куќи стекнал во својот мандат посочениот министер штом за скромни (според нив…) 700 евра е подготвен месечно да ја изнајмува сопствена куќа, и колку е случајно токму неговите странски кираџии да добијат тендер во НЕГОВИОТ ГРАД ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ.?

Можеби сме хендикепирани и полека го губиме чувството за добро и лошо, но македонскиот народ, а пред се ВИСТИНСКОТ ВМРОВЕЦ НЕ Е ГЛУПАВ ниту БЕЗРБЕТНИК.! Не е добро едно да се кажува, а друго да се прави.. Ајде да Ве потсетам на она што е напишано и што е прифатено како ДОКТРИНАТА на мојата ВМРО ДПМНЕ, на страна 4, 5, 7 и 12. Цитирам: ,,Предизвиците подразбираат посветеност и ОДГОВОРНОСТ…….,Конзервативизмот, кој се темели на традиција и припадност, најмногу се вознемирува од очајот на поединецот што не го знае своето место во општеството и во светот……..Конзервативизмот на ВМРО-ДПМНЕ се темели и на вредностите на јавната одговорност на приватниот сопственик……..Македонецот е патриот и македонската нација е неговата татковина”…..и тн).

Вака, со инкорпорирање на се што е и шуто и рогато од поранешните лево ориентирани партии во сопствените редови, ВМРО-ДПМНЕ се повеќе го губи својот идентитет и вековна определба.За жал, секогаш на сметка на сопствениот народ и врз грбот на далеку побројните чесни сопартијци. Но, едно никогаш неможе да се заборави – самарот знае и да се скине.

Во очекување на петарди од СДСМ и ноншалантни одговори на новодојденците во ВМРО-ДПМНЕ, засегаш Ваш Јове Кекеновски.

П.С. Внимавајте министре, како што вчера сами објавивте на вестите – не очекуваат нови врнежи од снег, лизгави коловози и голомразица на одделни делници (сектори). Понесете ланци и сол. И малку македонско лебче за недај Боже ако ве завее… иднината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

Кекеновски: Да се воведе кризна состојба во целата држава и да се одложат изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Кекеновски: Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија, a Мицкоски не го спречи Преспанскиот договор

Татјана Ташкова