Кекеновски: Слобода за Брат Љубе

Од:

Согласно Законот за извршување на санкциите на осудено лице кое за време на одслужување на казната било примерен осуденик, директорот на установата може да го отпушти осуденото лице и пред истекот на казната ако издржало најмалку 3/4 од казната затвор и ако не добило условен отпуст и тоа до 30 дена за казна затвор до една година, до 90 дена за казна затвор до пет години и до 120 дена за казна затвор над пет години.

Досега во историјата на Република Македонија не се случило осудено лице кое ги исполнило условите за предвремено отпуштање пред истекот на казната, да не добие ваков отпуст со одлука на директорот на установата, пишува универитетскиот професор Јове Кекеновски.

Меѓутоа случајот со братот Љубе Бошковски по се изгледа ќе стане преседан поради неодлучноста на директорот на КПУ Идризово да го примени членот од Законот за извршување на санкции кој дозволува отпуштање по одлука на директорот на установата пред истекот на казната. Се погласно се шпекулира дека неговата неодлучност е резултат на притисокот кој се врши врз него од страна на оние кои беа креатори и егзекутори на овој случај.

Но, како и да е директорот мора и треба да покаже одлучност, човечност и хуманост и не смеее да дозволи преседан без разлика на притисоците кои ги има.

Можеби некој ќе рече па тоа е дискреционо право на директорот!

Да, се согласувам но истиот тој мора да знее дека кога се применува дискреционото право, доносителот на одлуката треба да постапува во име на добрата верба и правичноста, во согласност со законот и подзаконските акти, во согласност со процедурата и воспоставената практика.

Самоволното, произволното и неконзистентно отстапување од воспоставените правилата, процедурата и практиката јасно укажува на злоупотреба на дискреционото право, пишува Кекеновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

Кекеновски: Да се воведе кризна состојба во целата држава и да се одложат изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска