„Кој и дал право на Радмила Шеќеринска да си игра со достоинството на Република Македонија и со достоинството на нашиот амбасадор во САД, проф Васко Наумовски?. Во дипломатијата на демократските држави и цивилизации политички реваншизам и личната нетрпеливост се незамисливи и недозволиви.
Премиере за лажните обвинувања и монтирање случај следува одговорност на министерката, па нека е тоа и Радмила Шеќеринска“, напиша Јове Кекеновски на својот Фејсбук профил.