Кекеновски: Примен е сигнал за спасување

Од:


Бродот наречен „ФОНД за ПИОМ” како ТИТАНИК

После 10 годишно пловење ,ремонтираниот” брод со име „ФОНД за ПИОМ“ е надвор од предвидените пловни патеки и процедури како и од предвидените мегународни стандарни за ова патешествие. Тој е управуван од лоша посада и многу е извесно дека поради преоптовареноста истиот е пред потопување.

Бидејќи капетанот на бродот сеуште не упатил сигнал за спас (…—… SOS ), тоа наместо него го направи мегународниот брод наречен „ММФ“. Тој во неколку наврати упати повик (…—… SOS ) дека нивниот радар лоцирал брод кој плови во опасната зона.

Според сите нивни и наши информации бродот е прептоварен, патниците немаат појаси за спасување, а многу од нив не знаат ниту да пливаат. На повидок е потопување и тоа побрзо и пострашно од оноа на Титаник.

screenshot_1

Патниците на бродот како оние кои немаат појаси за спасување така и оние кои незнаат да пливаат сеуште молчат и со ширум отворени очи и уши ги слушаат ветувањата на нивниот прв човек. Оние кои ќе се спаселе од потопување (ако даде господ) ке оделе на други уште поегзотични патувања. А дотогаш се разбира морале да го поддржуваат и да гласаат за капетанот… За послушните гратис превоз и бањање во некоја од термалните бањи…, напиша Кекеновски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

Кекеновски: Да се воведе кризна состојба во целата држава и да се одложат изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Кекеновски: Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија, a Мицкоски не го спречи Преспанскиот договор

Татјана Ташкова