Кекеновски: Мицкоски повикува на излезност како Груевски во 2004 година, кога одработи за Црвенковски

Од:

Историјата и постапките на лидерите на политичките партии кога се во прашање претседателските избори се повторуваат, констатира професорот и лидер на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски. Тој смета дека Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ сега се однесува исто како што се однесуваше Никола Груевски на претседателските избори во 2004 година, кога победи Бранко Црвенковски, кандидат на СДСМ.

„Во 2004 година Никола Груевски како новопечен претседател на ВМРО ДПМНЕ, во вториот круг на претседателските избори, свесно и намерно одработи Бранко Црвенковски да стане претседател на РМ повикувајќи го во последен момент со смс пораки членството на партијата да излезе на гласање и да обезбеди цензус. Да се потсетиме дека во првиот круг Б. Црвенковски имаше освоено 385.347, а С. Кедев 309.132 гласа. Благодарение на тие повици победи Црвенковски при одѕив од 55,2% на гласачите (тогаш Уставот бараше одѕивот да не биде помал од 50%). Сега и Мицкоски како наследник на Груевски јавно повикува за излезност во вториот круг на изборите во услови кога ситуацијата е слична. Петнаесет години подоцна историјата и постапките се повторуваат“, напиша Кекеновски на „Фејсбук“.

Тој смета дека крајно дегутантно е да се наметнува  победничка еуфорија во услови кога партијата има освоени најмал број гласови од 2008 година навака.

„ Овој број на освоени гласови (319.224) е помал дури од бројот на освоени гласови на минатите локалните избори во 2017 година (335.034) кога партијата катастрофално изгуби, а шеф на Изборниот штаб беше токму Христијан Мицкоски. Дури и прецизната ,,мицкова математика” не може да ги оправда и да ги надомести помалку освоените 130.000 гласа во однос на претходниот резултат на Иванов (449.442 гласа во прв круг на изборите во 2014 година)”, вели професорот Кекеновски.

Според последните податоци од Државната изборна комисија по обработката на податоците од сите избирачки места, разликата меѓу кандидатите за претседател кои ќе одат во вториот круг е 4.489 гласа повеќе за Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: По 7 години грабеж и национално понижување од овие пред нас, ни требаше освежување и нова енергија

А1он

Мицкоски: Граѓаните во првиот круг од изборите гласаа за Македонија

А1он

Мицкоски: Важно е да излезете да гласате, ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобро утре на секој еден граѓанин, гласајте за 9

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, велат од СДСМ

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

Мицкоски и лидерите на Западен Балкан се сретнаа со Кралот Чарлс

Катерина Ѓуровски