Кекеновски: Ми подготвуваат полициско-судска местенка

Од:

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски, член на ВМРО-ДПМНЕ од основањето но и жесток критичар на актуелното раководство на партијата открива дека власта и нему му подготвува сценарио за неговата дискредитација.

-Во текот на вчерашниот ден добив сериозна информација за обид за моја диксредитација во јавноста преку класична полициско-судска “местенка”. Режиската палка, како и досега, е во рацете на проверени и потврдени кадри. Но, дефинитивно одбрале погрешен лик за оваа роља.

Кога човек е со чиста совест е многу лесно. Во директен контакт им порачав дека времето на вестерн филмовите е минато. Време е за нови, современи, демократски сценарија.

Монтруозна е и самата помисла дека сеуште постојат “човечиња” на кои животот на обичниот, секојдневен Македонец не им значи ништо. За сопствен опстанок се подготвени и со ѓаволот да склучат пакт.

Затоа, Ве молам, исклучете ме мене од Вашето црно сценарио за моја дискредитација. Одбравте погрешен човек.

Сега е најдобро да се оттргнете од доделената улога да бидете нечиј извршител. Наместо да бидете злобни и пакосни како многупати досега, конечно одберете ја слобода на мислата. Одберете демократски амбиент. Почитувајте ги туѓите размисли и ставови. Одберете затворски казни за тие што ги заслужуваат во вашите сопствени редови, а не за оние кои ви ја кажуваат вистината.

Немојте да се обидувате да ја затварате слободата. Барем во еден миг сетете се на бумеранг ефектот, пишува Кекеновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

Кекеновски: Да се воведе кризна состојба во целата држава и да се одложат изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Кекеновски: Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија, a Мицкоски не го спречи Преспанскиот договор

Татјана Ташкова