Кекеновски: Да ја освежиме меморијата

Од:

Јове Кекеновски, професор, член на ВМРО-ДПМНЕ, потсетува кои се темелните вредности на неговата партија, која е со демохристијанска ориентација.
Еве што напиша Кекеновски:

ДА ЈА ОСВЕЖИМЕ МЕМОРИЈАТА

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија со демохристијанска ориентација, која се заснова врз христијанско поимање за човекот и дава етичка основа за одговорна политика…….(Статут на ВМРО ДПМНЕ, член 7).

Ако е веќе така дајте да се постетиме кои се основните постулати на ДЕМОХРИСТИЈАНСКАТА ИДЕЛОГИЈА:

• основните принципи на демохристијанската иделогија налагаат среќата и успехот на поединецот или групата да се бараат во среќата и благосостојбата на останатите припадници на општеството и државата, но и обратно,

• верниот и искрен демохристијанин ја отфрла слепата покорност и потчинетост кон секој облик на власт,

• демохристијанството налага водењето на државната политика да биде засновано на морални критериуми и принципи и почитување на демократските права и слободи на граѓаните,

• личноста (индивидуата) е фундамелнтално социјално битие чија егзистенција не се остварува преку ривалитетот (натпревар) како што е случај кај либералниот капитализам, туку преку активно учество во градењето на добрососедски односи, во создавањето на хармонични семејни односи и активна партиципација во рамките на пошироката заедница,

• вредностите како што се солидарност и моралните начела се посебно нагласени,

• негување на верската традиција и афирмација на дијалогот,

• социјална правда,

• предуслов за постигнување на хармонија во општеството е емпатијата, солидарноста, давање важност на посредичката улога во надминувањето и решавањето на разните видови на конфликтни состојби и др…

ВЕРНИОТ ПРИВРЗАНИК НА ДЕМОХРИСТИЈАНСКАТА ИДЕОЛОГИЈА НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО:

• обидите и желбите за воспоставување на систем без систем односно на систем по мерка на политичките елити,

• обидите авторитаризмот и тоталитаризмот да се протуркаат како елитен демократски артикл,

• лаицизмот да се нуди со етикетата на авангардност,

• обидите злоупотребата на државите и партиските функции да се претстават како производ на светските цивилизациски трендови, а сиромаштијата на народот како продукт на идејата за колективно жртвување во името на некакви ,,повисоки” државни интереси.

Screenshot_5

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

Кекеновски: Да се воведе кризна состојба во целата држава и да се одложат изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Кекеновски: Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија, a Мицкоски не го спречи Преспанскиот договор

Татјана Ташкова