Јове Кекеновски рагира на говорите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија кои секојденевно на трибини промовираат дека ќе ја бранеле Македонија.
-Знам, дека фотографијава повеќе наликува на сцена од пеколот на Данте отколку на карикатура, но не можев да и одолеам. Таа мошне веродостојно го отсликува кодот на лицата, олицетворени во некое си “движење“ кои деновиве застанаа во мисија за одбрана на македонскиот народ од народот на Македонија. Фуј,…. збир на набрзина набилдани „душегрижници”. Затскриени зад голото топовско месо на напатениот македонски народ.
Ќе не бранеле!? Од кого?! Од нас самите?! Ма дај не не ….. што би рекол Кили.
Туку лесно им е ним. Запали тоа возилата кои можеби возат на државен бензин и автобуси со ,,резервни“ послушници (да де, да се потпишат за поддршка) и со воинствена реторика дели го народот на „оние што ќе ги бранеле“ и “оние што ќе ги напаѓале тие што они ќе ги бранеле“!
Но, мина времето на розеви очила.
Затоа, ве молиме Вас,
– АМАН, набрзина набилдани „душегрижници”. Не не бранете веќе, порачува Кекеновски.