Казни за прекршување на полицискиот час во Битола, двајца ги злоупотребиле дозволите за движење

Од:

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе пет предлози за издавање на казнени налози, сите поради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не се придржувале кон мерките за ограничување на движењето, па иако не поседувале соодветни дозволи за движење, биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час.

– Притоа, двајца од обвинетите минатиот викенд се движеле надвор од своите домови за време на полицискиот час, а при контрола на полициските службеници им презентирале дозволи за движење издадени од работодавачите. По извршените проверки било утврдено дека дозволите се злоупотребени, бидејќи издадените дозволи не содржеле овластување за движење на обвинетите лица во временскиот период и на подрачјата каде биле затекнати, информираат од ОЈО.

Јавното обвинителство предложи на сите петмина обвинети да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 евра во денарска противвредност​.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот