Казнени налози за три лица од Куманово

Од:

Основното јавно обвинителство – Куманово до Основниот суд во Куманово достави предлози за издавање на казнен налог за три лица што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест коронавирус Ковид-19 и не постапиле по определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.

– Двајца од обвинетите пристигнале во земјава од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од 14 дена да не го напуштаат престојувалиштето што го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација. При вршење на контрола од страна на полициските службеници тие не биле затекнати во нивните престојувалишта. Додека третиот обвинет, сопственик на угостителски објект, спротивно на член 1 точка 9 од Одлуката со која се забранува работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници, го отворил својот угостителски објект и примил и послужил гостин што бил затечен при извршената контрола од страна на службеници од Државниот пазарен инспекторат и СВР Куманово, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Постапувајќи спротивно на мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар за што Обвинителството побара изрекување на парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупно по 2.000 евра во денарска противвредност за секој обвинет.

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец