Кавадарци се збратими со украинска Буча

Од:

Кавадарци се збратими со Буча, градот кој стана светски познат по воените злосторства за кои беа обвинети руските сили откако Украина повторно ја презеде контролата. Градоначалникот Митко Јанчев и заменик-градоначалникот на Буча, Серхи Шепетко, денеска го потпишаа Договорот за соработка.

– Во рамките на посетата, Општина Кавадарци потпиша официјален Договор за збратимување со Општина Буча, Украина. Средбата покрај ова беше искористена и за размена на информации за можностите за понатамошна соработка на различни полиња на делување на општината, како култура, спорт, бизнис и заедничко аплицирање на проекти, помеѓу градоначалниците на двете општини се вели во објавата од Општина Кавадарци.

Руските сили влегоа во Буча кога се обидуваа да напредуваат кон Киев. Украина повторно ја презеде контролата на крајот од март и објави за воените злосторства и пронајдените убиени цивили низ улиците на градот.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење