Кавадарчанка ја тепала својата мајка

Од:

Кавадарчанка со тврд предмет ја нападнала мајка си рано изутринава, оваа информација ја потврди доктор Мирослав Нерков од Брзата помош.

– Ние како екипа на Итната медицинска помош заминавме на лице место веднаш по дојавата. Жената имаше повреда на главата, голема исеченица и оток на местото на ударот, дома крв имаше секаде во собата. Ја однесовме во кавадаречката болница, појасни Нерков.

Од СВР Велес го потврдија случајот.

-На 10.9.2024 во 3.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ја уапсиле В.Ѓ.М.(32) од Квадарци, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка. В.Ѓ.М. е задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, рекоа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Пет случаи за семејно насилство во последното деноноќие, едно лице е уапсено

Горан Наумовски

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава