ВИДЕО: Катица Јанева спроведена во Кривичен суд

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во Специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е на на распит во Кривичниот суд за случајот “Рекет”. Јанева во судот беше внесена со автомобил преку подземната гаража.

Специјалната јавна обвинителка се сомничи дека учествувала во случајот “Рекет” за кој до сега се во притвор Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец.

Јавното обвинителство денеска најави дека ќе побара притвор за Катица Јанева откако ја прошири истрагата за случајот “Рекет”.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба, со тоа што преку Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец издејствувала на бизнисменот Орце Камчев да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот „Империја”.

Според истрагата, Јанева се стекнала со 298,000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, а Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот “Империја”.

Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари.

Јанева вчера беше повикана во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде даде изјава пред јавен обвинител. Првично таа во обвинителството беше повикана како сведок во случајот.

Во јавноста минатата недела излегоа видео снимки и аудио разговори како бизнисменот Орце Камчев им дава пари на Боки 13 и Зоран Кичеец, а во еден од разговорите се слуша и гласот на обвинителката Јанева која му се обраќа на Камчев со зборовите “не се секирај се ќе биде ок”.

При двочасовниот претрес во домот на Катица Јанева беа одземени неколку парчиња мебел, меѓу кои, гарнитура и мала маса.

Би можело да ве интересира

Јакимовски до Јанева: Ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари?

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева