Катица Јанева не ставила потпис на готова истрага за „Скопје 2014“

Од:

Ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, не потпишала наредба за отворање истрага за готов т.е. сработен предмет поврзан со нарачката и поставувањето на спомениците од проектот „Скопје 2014“, дознава „А1он“.

За еден од најгломазните проекти проекти на претходната власт, уште на почетокот од април 2018 година, предистражната постапка во делот за спомениците била целосно завршена, но oд непознати причини, потпис од Jанева на изненадување на вработените во СЈО не бил ставен.

Според нашите сознанија станува збор за постапка во која се опфатени десетина лица за злоупотреба на службената положба и овластување и злосторничко здружување, а меѓу нив има ексминистри, ексфункционери од локалната самоуправа и звучни имиња од претходната власт, за кои имало цврсти основи на сомневања дека треба да бидат осомничени.

Дознаваме дека тимови од СЈО интензивно и напорно работеле на случајот, особено петмина обвинители заедно со истражителите и стручните соработници. За полесна обработка на стотиците документи, подоцна проектот бил поделен на пет градежни компании кои учествувале во изведбата на проектот „Скопје 2014“, а била побарана и меѓународна правна помош.

Во ноември лани, дури била планирана и прес-конференција за јавноста, но не се случила поради тоа што Јанева во последен момент ја откажала.

Нејасно е зошто Јанева никогаш не ја потпишала наредбата за истрага за еден од овие предмети и дали нешто се крие зад тавката нејзина одлука.

СЈО постојано информираше дека станува збор за сложен предмет каде има обемна документација, но јавнообвинителска одлука за тоа не била донесена. За овој проект на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според проценката на „Скопје под лупа“ се потрошија над 680 милиони евра.

„А1он“ дознава дека ова не е единствената истрага што Јанева не ја потпишала. Во СЈО до истрага стигнале и други предмети, меѓу кои, еден се однесува и за рекет со бомби врз скопски бизнисмени, но Јанева обраложувала дека не е дојдено време за тоа.

Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот бизнисмен Орце Камчев при неизменети околности да излезе од притвор, а опциите кои биле на маса биле и спогодба и негова заштита.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Јанева: Не знам кога ме снимал Боки, јас снимката ја видов во Обвинителството

Ландов