Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) денеска соопшти дека на 4-ти овој месец до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесено барање да им биде доставен предметот познат во јавноста како „Сопот“.
– Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации, соопшти СЈО.
На 4. март 2003 година џип на НАТО нагази на противтенковска мина на патот Сушево – Сопот. Загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин. За случајот „Сопот“ беа осудени 11 лица од истоименото село.