ВИДЕО: Катица Јанева ги одзеде компјутерот и сите документи на Владимир Панчевски

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Jанева придружувана од обвинителката Ленче Ристоска и двајца истражители предмалку го напуштија Основниот суд Скопје 1.

Јанева пред новинарите изјави дека со наредба извршиле претрес во канцеларијата и во домот на експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски и кај уште две лица. Јанева се сомнева дека Панчевски местел кои судии да ги судат предметите на СЈО, а освен тоа се сомневаат и дека оддавал службени тајни на лица кои не се од судот.

Неофицијално, истражителите на СЈО ги одзеле сите потребни документи и податоци од личниот компјутер на Панчевски.

Обвинителката Јанева објасни дека станува збор за предистражна постапка.

Обвинителите беа во кривичниот суд речиси пет часа, од 12.30 часот напладне. Предната врата од судот беше заклучена додека траеше претресот.

Во меѓувреме, амбулантното возило кои беше повикано пред кривичниот суд замина на споредниот влез, а медицискиот тим влезе во судот, каде остана до попладневните часови. Неофицијално се шпекулира дека медицинската екипа е повикана, откако му се слошило на поранешниот прв човек на кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Во меѓувреме додека траеше претресот, во судот пристигна адвокатот Димитар Дангов, кој неофицијално е еден од адвокатите на Панчевски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Александар Тодески

Таткото на Вања повторно дава исказ пред обвинител

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

„Армиско оружје“ – Ослободителна пресуда по 16 години судење

Анита Петровска Рајковиќ

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Иван Џолев доби втор мандат, одново избран за претседател на Кривичен суд

Кристијан Ландов