Катица Јанева бара изземање на Јово Вангеловски од одлучувањето за Сеад Кочан

Од:

Специјалното јавно обвинителство побара изземеање на претседателот на Врходниот суд, Јово Вангеловски по одлучувањето за барањето на обвинителството на Марко Зврлевски да се укине притворот на Сеад Кочан.

-Денес ова Јавно обвинителсетво поднесе Барање за изземање на претседателот на Врховниот суд. Информираме дека бараме изземање на претседателот на овој Суд бидејќи тој е опфатен во јавно објавените телефонски разговори и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд.

Во согласност со препораките на Европскиот суд за човекови права, непристрасноста на судот е една од основните гаранции на правото на правично судење, така што секое сомнение за пристраснот треба да биде отстрането.

СЈО се сомнева во неговата непристрасност поради објавениот разговор помеѓу него кога беше исто претседател на Врховниот суд и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во врска со случајот “Глобал“.
Овој разговор ја доведува во прашање непристрасноста на судијата Јово Вангеловски да постапува по ваков вид предмети поради постоење реална опасност од неговата претходна заинтересираност за решавање на предметот во определена насока.

Јово Вангеловски пред една недела се сретна со адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски и со обвинителот Марко Зврлевски, по што од Јавното обвинителство беше упатено барање до Врховниот суд за поништување на притворот на Марко Зврлевски. СЈО реагираше и вчера дека Специјалното јавно обвинителство според законот е единствено надлежно за предметите од прислушуваите разговори како и тоа дека Марко Зврлевски нема што да бара од Врховниот суд за овој случај. Сепак и покрај тоа, Вангеловски кажа дека Врховниот суд ќе одлучува за барањето на обвинителството на Зврлевски.

Би можело да ве интересира

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Адеми останува на функција: Не помина барањето на Миљазим Мустафа за разрешување на претседателката на Врховен

Александар Тодески

Судски совет одлучува дали Адеми ќе биде разрешена: Барањето за доработка на извештајот не помина

Александар Тодески

Заврши расправата во Судски совет, дополнително ќе се одлучува дали има одговорност на Адеми или не

Александар Тодески

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески