Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Од:

Државната изборна комисија денеска на седница изгласа извештајот со кој констатира дека пратеник во Собранието за остатокот од мандатот согласно Изборниот законик станува Катерина Димитровска, на местото на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За твоја Македонија“.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информираше дека 114-тата седница е свикана по добивање на известување од претседателот на Собранието, со кое ги информира дека Собранието денеска на седница констатирало престанок на мандат на пратеничката Митева, која е избрана од листата на кандидати за пратеници за Изборната единица 1 поднесена од Коалицијата „За твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Согласно Изборниот законик, ДИК со свој допис го извести наредниот кандидат Катерина Димитровска, од листата на кандидати поднесена за пратеници во Собранието за ИЕ 1 од истиот овластен подносител – Коалицијата „За твоја Македонија“. ДИК доби писмено известување дека наредниот кандидат Катерина Димитровска го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието за останатиот дел од мандатот согласно Изборниот законик, информираше Кондарко.

Извештајот, ДИК го изгласа едногласно и донесе заклучок да се достави до Собранието, за да продолжи процедурата за верификација на мандатот на Катерина Димитровска.

Марија Митева на седница на Влада на 8 октомври беше именувана за портпарол на Владата.

Би можело да ве интересира

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите