Касапов: Владимир Талески да си поднесе оставка!

Од:

„Тоа што сите битолчани го знаевме за Талески, во изминатиов период го потврдија  високи функционери на ВМРО – ДПМНЕ како и самиот Талески“, изјави Александар Касапов, советник од ЛДП во општина Битола, на денешната прес конференција.

„Имено од аудио снимките, објавени од лидерот на СДСМ, г-динот Зоран Заев, можевме да слушнеме како Ставревски вели дека во Битола за превоз на ученици е склучен договор со Транскоп коруптивен до даска“.

Ставрески, потенцира Касапов, понатаму за Талески вели дека кај што е неспособен, уште и криминалец.

„Од аудио снимките може да се слушне како Талески разговара, едни исти луѓе да гласаат на повеќе избирачки места, нешто што Талески и оваа власт ги прави нелегитимни“.

„Со овие аудио снимки се потврдува и лицемерието на Талески. Слушнавме како тој кодоши свои сограѓани кај високи функционери на ВМРО – ДПМНЕ во Скопје, а истовремено тој ист Талески шета низ Битола со тие луѓе што ги кодошел, води кампања и бара со нив гласови од битолчани, воедно и од навивачката група Чкембари“, рече Касапов.

ЛДП бара од пратениците , од советниците  како и од раководството на ВМРО – ДПМНЕ од Битола, да се оградат од сите дела недела на Талески и истовремено да побараат од него да си поднесе оставка.

„Доколку не го направат тоа, ние, битолчани, ќе сметаме дека и тие се соучесници во уништувањето на Битола, како и тоа дека меѓу нив и Талески нема разлика“, заклучи советникот од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

А1он

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ