Касами: Убеден сум дека видеото на пратеникот Реџепи е направено под присила

Од:

Лидерот на Беса, Биљал Касами, го повика МВР да излезе со службена информација каде се наоѓа нивниот сопартиец Кастриот Реџепи и официјално да соопшти дека тој и неговото семејство се безбедни.

„Во моментов не е важна неговата позиција, не е важно на која страна е. Движењето Беса има јасен став, дека оваа Влада треба да падне. Сакаме да не известат дека пратеникот е здрав и жив со неговото семејство, ништо друго не е веќе важно“, изјави Касами.

Тој е убеден дека видеото на Реџепи објавено на социјалните мрежи е направено под присила.

„Во ситуација кога одам да го пријавам за исчезнат во МВР, излегува видеото. Затоа се сомневаме дека оваа ситуација исценирана, знаеме во кој контекст, поради гласањето“, рече Касами.

Тој додаде дека Реџепи се уште е недостапен на неговиот мобилен телефон и дека во случајов, станува збор за криминални – терористички методи што се применуваат врз пратеници.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието