Касами од Беса го условува Заев за двотретинското мнозинство

Од:

Заев ако продолжи како и досега да нема слух за нашите барања, нека си размислува да најде уште гласови за уставните измени, рече претседателот од едното крило на Беса, Билал Касами, по денешната седница на Централното собрание.

Од ова партиско крило соопштија дека Централното собрание го овластило Централното претседателство, во согласност со програмата на движењето Беса да донесат потребна одлука, одлука што ќе се одрази преку гласање во Собранието на Република Македонија преку двајца пратеници од Движењето Беса.

Касами оцени дека што се однесува до 2018 година, Движењето Беса во текот на оваа година, откако поминало во период на предизвици на политичка зрелост, прераснало во една од главните протагонисти во важните процеси со кои се соочува Македонија.

Од Беса сметаат Македонија не го надминала кризниот период, особено од фактот дека правниот систем и државата се трансформирале во „пазарна економија” за да се реализира политичката агенда. Касами смета Македонија се одалечува и подалеку од европски вредности и принципи.

„2018 година ќе се памети како година на амнестија на криминалот, прикриени коруптивни работи – афери, екстремната политизација на судството и трансформирање на Собранието како институција што го спречува владењето на правото. Во економскиот аспект, Македонија не само што немала прогрес и економски раст, напротив има стагнација и влошување. Отежнати услови на стопанисување, недостиг на перспектива, наметна голем очај во населението и како резултат на сето ова младите сè почесто се одлучуваат да најдат засолниште во развиените европски земји за да се изгради својата иднина далеку од татковината. Се надеваме дека, како што го оставаме зад себе 2018 година, заедно со тоа се надеваме дека зад себе ги оставаме горчливите настани што се случија во оваа година“, рече Касами.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев