Касами: Коалицијата со Алијансата за Албанците ќе донесе промени кон подобро

Од:

Коалицијата со Алијансата за Албанците ќе донесе големи промени кон подобро, порача лидерот на движењето БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово Биљал Касами на денешните средби со граѓани заедно со коалицискиот партнер Зијадин Села, на кои ги претстави проектите од изборната програма.

– Оваа коалиција значи почеток на промени за добро на Албанците. Доволно беше владеење што во прв план го има личниот интерес, а не доброто на сите граѓани. Како резултат на тоа може да се види во каква ситуација сме доведени, рече Касами и додаде дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Нагласи дека Албанците дојдоа до ситуација СДСМ со својот претседател и заедно со ДУИ да доаѓа во нивните општини и да им кажува кој треба да биде градоначалник и кој треба да ги води во наредните четири години.

– Верувам дека граѓаните сфаќаат дека тие се оние што решаваат и ќе решат кој најдобро ќе ги води во наредните четири години. Ние не сме за ВМРО, ниту за СДСМ. Нам ни се важни интересите на Албанците и ќе работиме за Албанците. Тие што работат за СДСМ, а вчера биле за ВМРО, мислат дека и другите се такви. Јас ви ветувам дека ќе работам во служба на сите граѓани на општина Тетово, порача Касами и вети урбан развој и хигиена, како и поддршка за универзитетите.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски