Касами: Да се интонира и албанската химна во училиштата ако веќе се интонира државната

Од:

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами смета дека додека се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна.

– Македонија е мултиетничко и мултикултурно општество. Се додека државната химна го повикува само македонскиот народ, сега знаеме дека името на џемјата е Северна Македонија, ние треба да се прилагодиме на реалноста. Ние не сме координирани со другите партии, од позиција на градоначалник на Тетово, мојот личен став е: додека се носи законска одлука ние ќе ја почитуваме.

Ако се интонира државната химна која се повикува на македонскиот народ, да се интонира и албанската химна, односно тоа што го чувствуваат Албанците како свое – истакна градоначалникот на Тетово.

Во скопските општини Аеродром и Гази Баба секој прв понеделник во месецот, наставата започнува со интонирање на државната химна на Македонија.

Би можело да ве интересира

Касами ги викна владиката и муфтијата за заедно да се борат за соживот во Тетово

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница