Карциномот 49/51

Од:

Во неделата, карциномот на последните скрининзи и биохемиски анализи покажа голема сензитивност на хемотерапијата аплицирана од СДСМ. Станува збор за нов пристап во лекување. Резултатите драстично се подобри од претходните години.

Забележана е огромна неодговорност од медицинскиот персонал на Фамилијата, која често пати во процесот на лечење употребувала несодветна група лекови.

Сепак, оздравувањето е евидентно. Анализата покажува дека сите пациенти кои одбиле да им инјектираат страв и поткуп успешно се справуваат со болеста. Тие кои го надминале стравот веќе се на домашно лекување.

За другите, тие кои почнале да се пакуваат за третман надвор од државава барајќи нови методи на спас или пак почнале да ја планираат комеморацијата на нивната психологија, психијатрите едногласно дојдоа до заклучок дека истрајноста е клучниот сегмент во борба со болеста. Најдобар ефект лекувањето покажа токму кај тие кои подолг период се борат активно со болеста, за разлика од оние кои само пасивно си ги читаат лошите параметри.

Да ти кажат официјално неинституциите дека шансите за преживување Ви се 49/51, тоа е огромна надеж во медицината- особено кога станува збор за ваквов тип заболувања. „Трк“ по имуноглобулини за антителата и оддадете им почит на “лекарите” на Бихачка. Ќе не’ биде, бре!

„Шта је бре, мишеви“?! Зарем не знаевте дека имаме и дополнително автоимуно заболување Лупус, во кое многу наши клетки работеа против нас, да, токму од нашиот организам. Сепак, Заев на време се одлучи за кортикостероиди кои на почеток ни го намалија имунитетот.

Но добро е што паралелно ги третираше и различните напади на општеството. Научните, а не еуфоричните, прогнози велат дека сме при крај со лечењето. Што Ти правело пенкало? Туку, ако треба да Ви пресадат бубрег има ли разлика дали донаторот е од друга националност?!

И да, подобро е трпение отколку ремисија на болеста, па затоа оставаш два малигни плус…

Дејан Блажески

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска