Капитацијата за матичните лекари од 1 јули поголема за 10 отсто

Од:

Од 1 јули, како што беше најавено, ќе дојде до зголемување на капитацијата за матичните лекари за 10 отсто, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на новиот дом на култура „Кисела Вода-Кино“.

– Како што беше најавено така и ќе се реализира, од 1 јули ќе дојде до зголемување за 10 отсто на капитацијата на матичните лекари од 50 на 55, рече Груевски одговарајќи на прашање.

Тоа, како што додаде, значително ќе им помогне на над 1.600 тимови на матични лекари во Македонија.

– Се работи за средства од 188 милиони денари или нешто над 3 милиони евра на годишно ниво нешто што додатно ќе ги мотивира и ќе ги стимулира и охрабри над 1.600 тимови на матични лекари кои работат ширум Република Македонија, рече Груевски.

– Тоа покажува дека ќе се реализира ветеното зголемување за 10 проценти и покрај сите проблеми со кои во моментот се соочува државата, а се предизвикани од политичката криза која пак е предизвикана од опозицијата, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“