Тројцата кандидати за Судија во Судот за човекови права во Стразбур, Анета Арнаудова, Едита Наскова и Јован Илиевски кои влегоа во најтесниот круг од номинираните од страна на МНР се одбиени од судот, дознава А1он.
Според неофицијалните информации до кои дојде А1он, наместо да се предложат нови имиња, се менува СВ-то на тројцата одбиени за истите повторно да влезат во трката, а неофицијално, се фаворизира Илиевски за токму тој да стане судија во Стразбур.
Сето ова власта го прави тајно, без да соопшти за првичниот исход од нивниот обид за станување на нови судии во Стразбур.
Инаку, комисијата која оценува кој ќе влезе во трката за нов судија ја сочинуваат министерот за надворешни работи, Никола Поповски, уставната судијка Вангелина Маркудова, претседателот на Судски совет Зоран Караџовски, државен секретар во Министерство за правда, Илија Ристовски и Илбер Села, професор на Универзитетот за Југоисточна Европа од Тетово.
Опозицијата претходно обвини дека имињата на овие тројца кандидати се спорни бидејќи има кандидати кои што се во роднинска врска со поранешни функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.