Кандидатите за градоначалник на Центар Жупа кампања водат и во Италија

Од:

Двајцата кандидати за градоначалник на Центар Жупа, Аријан Ибраим и Неваип Исмаил, престојуваат во Италија, каде пред своите сограѓани, кои живеат и работат таму, ги претставуваат своите изборни програми.

Според изборните штабови на двајцата кандидати, средби ќе имаат во повеќе градови, посебно во подрачјето на Венето, каде има над четири илјади жители од општина Центар Жупа.

Тие ги презентираат изборните програми, во кои се најавува економски развој на Жупа, што би условило враќање на дел од печалбарите во родниот крај.

Аријан Ибраим, кој на оваа функција беше во изминатите четири години, предлог е на ДПТ, која е дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Неваип Исмаил, беше прв градоначалник на општина Центар Жупа по територијалната поделба и осамостојувањето на општината.Тој е предлог на ДХП, која е дел од коалицијата преводена од СДСМ.

На локалните избори на 15 октомври, за место во 11 члениот општински совет кандидатски листи имаат пет политички субјекти.

Во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а право на глас имаат над шест илјади граѓани.

Од здруженијата на печалбарите од Жупа најавуваат доаѓање на многу печалбари за да гласаат на локалните избори, што е вообичаена појава за секој изборен циклус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ