Кандидатите на ДУИ за градоначалници на Боговиње и Врапчиште ги претставија своите програми

Од:

Кандидатите на ДУИ за градоначалници на општините Боговиње, Берзах Бејтулау и на Врапчиште, Гајур Рушити денеска во партиското седиште во тетовска Мала Речица ги претставија своите програми за развој на овие локални самоуправи во Полошко.

Кандидатот за градоначалничката функција во Боговиње, Бетулау посочи дека ќе се ангажира за урбана општина, чиста животна средина, модерна инфраструктура, осветлени улици и систематизирана канализација, развиен туризам, висок степен на образованието и културата, економски развој со стандард и висок квалитет на животот.

– Општина Боговиње и во минатото има подготвено урбанистички планови, планови за лесна индустрија и за комерцијални објекти и на ист начин ќе продолжи и во иднина. Урбанистичките планови, патната инфраструктура, училишната инфраструктура, инфраструктурата за системот за водите и канализацијата се предуслов за поттикнување на локалниот економски развој, изјави Бејтулаи.

Кандидатот за градоначалник на Врапчиште, Рушити информираше дека во изминатите четири години бил претседател на општинскиот Совет и како таков бил важен дел од напорите на постојната локална власт во реализација на ветеното во нивната програма за мандатот 2013-2017 година.

– Нашата програма за овој мандат е креирана во согласност со потребите на нашите населени места и таа предвидува проектирање и изградба на водоводната мрежа, како и продолжување на изградба на канализациска мрежа на целата територија на општината.Покрај тоа предвидува и донесување на урбанистички планови за преостанатите населени места, како и урбанистички план за индустриската зона, отсранување на дивите депонии, реконструкција на мрежата на јавно осветлување, стимулирање и поддршка на земјоделството и сточарството и проекти од сферата на образованието, културата и спортот, рече Рушити.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик