Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ: Две жени и четворица мажи можни кандидати за градоначалници во скопски општини

Од:

Уште пет имиња на истакнати партиски членови, но и лица кои ќе бидат претставени како независни кандидати кружат во јавноста како кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се потврдени, но ги имаат најдобрите резултати на анкетите кои ги спровела партијата како кандидати во Град Скопје, Центар, Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром.

Професорката Наташа Котлар која е и претседател на Здружението на историчари на Македонија ќе е најверојатно кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Општина Центар. На парламентарните избори кои се одржаа минатата година, таа беше носител на листа во изборна единица 5 за партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева. Важи за позната историчарка, како и научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја.

И во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ планира да кандидира жена за градоначалничка, а се поверјатно е дека маж ќе биде носител на советничката листа. На партиските анкети, неофицијално, најдобро котирала Даниела Арсовска. Неофицијално, таа ќе биде и кандидатката која ќе е потврдена од партиските органи. Арсовска е актуелна претседателка на Сојузот на стопански комори, а на функцијата е назначена од 2014 година. Во трката, нејзин противкандидат ќе биде Петре Шилегов, потврден од СДСМ.

Бобан Стевковски е можен кандидат за Гази Баба. Тој има извршувано повеќе партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а беше и претседател на Унијата на млади сили, додека сега, тој е претседател на општинскиот комитет на партијата во Гази Баба. Вработен е во Министерството за труд и социјална политика. Во изминатиот период има одржано низа прес-конференции на кои го критикува работењето на актуелната локална власт со образложение дека жителите на Гази баба заслужуваат подобро.

Актуелниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Орце Георгиевски, ќе е можен кандидат за општината од каде доаѓа. И тој има извршувано повеќе функции во партијата. Беше член и на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. За мандат ќе се трка со кандидатот на СДСМ, Филип Темелковски.

И кандидатот за Аеродром е претседател на тамошниот општински комитет. Неофицијално, Дејан Митревски ќе се бори за мандат во Аеродром. Засега, СДСМ нема кажано кој ќе му биде противкандидат. И тој имал повеќе партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ.

Како што веќе објавивме, Александар Стојковски е можен кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров. Како носител на листата за советници во истата општина се споменува името на Ленче Нелоска, која има извршувано и високи партиски функции. Имињата на двајцата кандидати со месеци се вртат на партиските анкети, каде неофицијално, уживаат најголема доверба во општината. Стојкоски по професија е доктор-специјалист. Тој беше член и на Советот на општината. Претходно, од 2014 година до 2017 година, беше и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Нелоска во дел од истиот период беше директорка на Геронтолошкиот завод Скопје, се до промената на власта во 2017 година.

Сите имиња, треба да бидат потврдени од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според информации на „А1он“, состанок е закажан за во недела, кога и официјално треба да се потврдат дел од имињата од страна на партијата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески