Канческа им се извини на соседите за протестот пред нејзината куќа

Од:

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска упати писмо со извинување кон нејзините сограѓани, соседи, роднини и пријатели. Писмото го пренесуваме во целост.

„Сакам јавно да се извинам до моите сограѓани, почитувани комшии, роднини и пријатели за синоќешниот настан кој беше организиран од страна на одредена група и се случи пред и околу мојата семејна куќа во населба Црниче.

Со организацијата на овој настан свесно или несвесно од страна на водачите и учесниците на групата се наруши приватноста пред се, се наруши личниот и семејниот мир на луѓето кои живеат во ова место, на моите комшии, роднини и пријатели и на сите мои сограѓани кои живеат во населбата Црниче.

Почитувам изразување на некој став кој може секој да го искаже и сето тоа е легитимно, но не на овој начин.

Никој не е должен да слуша одредени ставови на одредена група која сака да ги соопшти на некоја друга личност, нарушувајќи ја нивната приватноста и нивниот личен и семеен мир во местото во кое живеат.

Треба да се почитува јавниот простор и да не се злоупотребува приватноста на никој од нас. Постојат места каде се изразуваат одредени ставови, а тоа јавниот простор, преку најразлични форми на изразување и дебата. Треба да ги почитуваме институциите на системот и дебата да се одвива таму.

Доколку сето ова не се почитува од секој од нас, се друго води кон анархија, безредие и незрелост.

Во мојата семејна куќа живеам повеќе од 45 години, на почетокот со моите родители сега и со моето семјство. И потесно и пошироко.

Во овие изминати години поминати заедно во ова прекрасно маало Црниче кое многу го сакам, и во кое маало моето детство е поминато заедно со сите останати кои живеат овде, не поврзуваат само убави моменти и лично и семејно кои се карактеризираат со длабока почит, љубов и искрено пријателство и помагање еден кон друг.

Искрено жалам за тоа што се случи синоќа, од мене лично и од моето семејство сакам уште еднаш да се извинам до сите вас.

Со длабока почит, искрено Елизабета Канческа Милевска“.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му