Канал 77 и Класик ФМ со нови сопственици, постапката стопирана

Од:

СРД ја запре постапката за одземање на дозволите на радиото Канал 77 и Класик ФМ, откако во Советот се пријавиле нови сопственици на медиумите.

За Канал 77 се пријавил Сашо Јованов кој барал одгвор од Советот дали како сопственик има проблем со членот 11. Отакако е утредено дека не е на функција и нема роднински врски со ниту еден функционер, СРД ја запрел постапката за радиото, кое досега беше во сопственост на Горан Гаврилов, а потоа и на неговиот син.

СРД не дозоли неговиот син да биде сопственик на радиото, иако правната служба на Советот имаше поинакво мислење.

Како нов сопственик на радиото Класик ФМ, во СРД се јавила Татјана Алексиќ и со тоа е запрена постапката и за овој медиум каде што се кршеше членот 11 поради роднински врски на сопствениците со амбасадорот Мартин Треневски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски