Канал 5, Сител и Алсат-М побараа итно да се одземе лиценцата на ММИ

Од:

Канал 5, Сител и Алсат-М побраа Министерството за култура итно да ѝ ја одземе лиценцата на Македонската музичка индустрија (ММИ) и да почне со измени на Законот за авторски и сродни права во делот на прибирање средства од корисниците на овие услуги.

Трите телевизии се закануваат дека ако не им се остварат барањата од 1 февруари до 15 февруари ќе почнат со „проектот 2013“, односно на трите национални телевизии, вклучувајќи ги и Сител 3 и Канал 5 плус и сите локални и регионални телевизии кои се членки на Здружението на приватни медиуми, секој ден во 20.13 ќе го затемнуваат екранот и ќе даваат порака до гледачите дека единствен виновник за минимизирање на музичкото творештво во Македонија е ММИ.

Медиумите планираат по 15 февруари да истакнат ценовник за емитување аудио визуелни дела на телевизиите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски