Кампања за улогата на жената во безбедноста во сообраќајот

Од:

Во чест на сите жени, а по повод празникот 8 Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) најавува нова кампања посветена на жените и улогата на жената во безбедноста во сообраќајот. Кампањата е насловена „Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“.

-Статистичките податоци покажуваат дека жените се побезбедни учесници во сообраќајот од мажите, помалку прават грешки со фатални последици и помалку страдаат во сообраќајни незгоди. Затоа, слободно можеме да кажеме дека учеството на жената во сообраќајот во улога на дежурен едукатор (родител, сопруга, сестра, другарка…) кој неизмерно се грижи за своите најблиски, е најважната улога со која активно и рамноправно учествува во сообраќајот. „Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“, „Стави појас, да не те мислам!“, „Вози полека и чувај се!“, „Немој да пиеш, не заборавај дека возиш!“, „Немој да зборуваш на телефон кога возиш!“, се само дел од поуките кои сме ги слушнале на секое излегување од дома, а грижата за безбедноста, давањето љубов и внимание, сепак остануваат примарна улога на секоја жена. Да внимаваме во сообраќајот толку – колку што таа се грижи за нас, многу нешта би биле поинакви кога станува збор за безбедноста во сообраќајот, посочува РСБСП.

Целта на кампањата е да се сврти вниманието на јавноста, да се почитува мислата, зборот и советот на жената: „Чувај се себе и чувај ги другите учесници во сообраќајот! Биди одговорен и внимателен возач, почитувај ги сообраќајните правила и прописи. Секогаш и секаде!“

Во склоп на кампањата ќе бидат реализирани едукативни настани за едукација на жените возачи, активности за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси, едукативни активности за поголема и правилна употреба на детските седишта во автомобилот, оспособување на жените правилно да ги советуваат децата во сообраќајот итн. Кампањата ќе опфати и активности за подигање на свеста за почитување на жените како рамноправни учесници во сообраќајот.

Кампањата ќе биде поддржана од јавни личности, ќе бидат организирани јавни настани во „Скопје Сити мол“ и на плоштадот „Македонија“, а активности се предвидени и во образовните институции, на електронските и на социјалните медиуми, предвидени се отворени дискусии, предавања…

РСБСП ги повика сите припаднички на понежниот пол да не престануваат да се борат за својата рамноправност, но и да не престануваат да се борат за доброто на своите најмили, коригирајќи ги нивните постапки и давајќи им личен пример за повисока сообраќајна култура и побезбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

Орце Костов

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска