А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кампања за подобра животна средина: Проблемите да се решаваат стратешки и да има ефикасни решенија

by А1он05/03/2019 - 13:30207
Share0

Енергетиката е еден од најголемите загадувачи на животната средина, градовите се претворени во хомогена смеса од многу комплексни загадувачи и состојбата не се подобрува поради немањето соодветна инфраструктура. Неопходно е да се планира поинаков транспорт. Ние единствени во светот градиме во урбани густо населени зони, а објектите што се градат се многу блиску до сообраќајниците…

Добивај вести на вибер

Ова денеска беше истакнато на промовирањето на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ на Институтот за комуникациски студии.

Дејан Андонов од Институтот рече дека проблемите што се однесуваат на животната средина не се решаваат стратешки, институциите не носат ефикасни решенија за нејзино подобрување и не се транспарентни во креирањето на спроведувањето на политиките.

Според професорката по урбанизам Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, градовите за загадени и задушени од автомобили и ако продолжи ваквиот начин на нивно урбанистичко планирање нема да се стигне никаде. Посочи дека тоа планирање досега подразбирало само распределба на земјишта.

– Денешните градови не можат да се справат со сите проблеми од овој тип планирање. Македонија треба да се приклучи кон остварување на глобалните цели за одржлив развој што се донесени во 2015 година од ОН, чија членка е и нашата држава. Првпат во тие глобални цели се поставува конкретна цел која подразбира одржливи, инклузивни и безбедни градови и градови за луѓе. Македонија треба да планира и да ги покрие овие аспекти кои се однесуваат на креирање градови кои ќе обезбедат домување за сите. Треба да планираме поинаков транспорт низ градот, да се грижиме за културното и природното наследство на градовите и да ги вклучиме сите граѓани и чинители во креирање на градски политики, рече Пенчиќ.

Експертот за енергетски менаџмент, Ана М.Лазаревска истакна дека за жал енергетиката која е носител на секое општество и на нашите секојдневни активности, на комплетното стопанство, е еден од најголемите загадувачи на животната средина и тука го има тој комплетен проблем кој се решава со помош на концептот на одржлив развој. Според неа, би било посоодветно да користиме поголема диверсификација на енергетските ресурси, а тоа се однесува и на материјалните ресурси.

– Еден од проблемите што можеби е решение е моменталното користење на обновливите извори кое е во многу мал процент, додаде Лазаревска.

Експертот од областа на аерозагадувањето, Дејан Мираковски рече дека градовите се претворени во хомогена смеса од многу комплексни загадувачи, се кршат основните правила на однесување, па има загадување и кога нема многу сообраќај на улиците.

– Состојбата не се подобрува поради немањето соодветна инфраструктура. Ние единствени во светот градиме во урбани густо населени зони, објектите што се градат се многу блиску до сообраќајниците, има високо ниво на буџава, а не се предвидени никакви мерки за заштита во фаза на градба и рушење на објекти. Имаме греење на биомаса и фосилни горива, што треба да биде ретко во такви урбани зони. Имаме пренаселеност не само во Скопје, туку и во други градови, додаде Мираковски.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ се реализира во рамки на проектот „Поддршка за добро владење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, што е финансиран од Британската амбасада.

zivotna sredina

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on23/02/2024 - 17:49

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on04/01/2024 - 16:0604/01/2024 - 20:34

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on03/01/2024 - 13:3403/01/2024 - 13:38

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on23/12/2023 - 11:06

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари

Катерина Ѓуровски12/09/2023 - 08:42

Синкевичиус: Приклучувањето на Северна Македонија кон ЛИФЕ ќе придонесе за позелен и поодржлив континент

Горан Наумовски05/07/2023 - 13:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен