А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кампања на ЕБОР на Универзитетот на ЈИЕ за бизнис советување за мали и средни претпријатија

by А1он25/09/2014 - 15:51159
Share0

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска со презентација на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово ја отпочна информативната кампања за вредноста на бизнис советувањето и трансфер на практично знаење за малите и средни претпријатија.

Добивај вести на вибер

Информативната кампања се фокусира на вредноста на знаењето за раст на бизнисот и постигнување комерцијален успех, но и на чекорите како да се дојде до практично знаење на субвенционирана основа со помош од ЕБОР.

– Според податоците на ЕБОР во Македонија преку 600 мали и средни компании имаат добиено советодавна асистенција за поддршка на нивниот раст и отварање на нови работни места. Малите и среди бизниси преку советувања и асистенција на комнсултантски куќи може да постигнат видливи резултати во поглед на растот на претпријатието, зголемување на производството, поголем комерцијалне успех и со тоа вработување нови луѓе. За изминатите три години преку консултанстски совети во просек е зголемена продажбата за 70 отсто кај оние што побарале советување, а исто така во овој период се создане над 700 нови работни места. Компаниите со користење на совети дошле до надворешно финасирање со кредити од преку 30 милиони евра, рече националната менаџерка на проектот, Маја Антеска.

Според вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, ЕБОР досега имаат пласирано 8 милиони евра како поддршка на малите и средните претпријатија во државата.

– Освен големи финасиски средства како помош за економијта ние како Влада сакаме да им овозможиме и обуки на менаџерите и вработените во претпријатијата за унапредување на нивните способности и со тоа унапредување на бизнисите и нивните резулати. Во периодт 2014-2020 година имаме програма за привлекување на европски и меѓународни фондови за унапредување на нашата економија и претприемништвото, рече Бесими.

За универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров, тие како научни работници во сферата на економијата се подготвени да го дадат својот придонес за развој на претпријатијата и зголемување на нивната работна ефикасност не само со толкувања на теоријата, туку и на организационен план за тие полесно да одговорат на барањатана светската деловна заедница и пазар.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи посочи дека не секогаш недостатокот на финансиски средства се причина за послаб развој на определени компании и претпријатија.

– Некогаш парите не се проблем, туку неможноста со определен производ да се влезе во некој пазар или пак да се надминат тесните грла при набавката на суровини и производството. Токму тука експертите со нивните совети, искуство и познавања може да придонесат за надминување на таквите проблеми, изјави Кучи.

Оваа кампања ќе се реализира во 25 земји од југоисточна Европа до северна Африка, Русија и централна Азија. Во Македонија вториот ваков настан е закажан за утре во Битола и на 30. септември во Скопје.

ebor

Би можело да ве интересира

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Катерина Ѓуровски05/11/2022 - 08:5205/11/2022 - 09:29

Владата одобри потпишување Меморандум за разбирање со ЕБОР за поддршка на членството во ЕУ

Катерина Ѓуровски09/11/2020 - 21:0010/11/2020 - 08:46

Во Собранието се одлучува за кредитот од 90 милиони евра за справување со епидемијата

Жарко Настоски13/10/2020 - 17:41

ЕБОР: Откажан кредитот од 65 милиони евра за Бошков мост

Ана Ололовска18/01/2017 - 14:07

ЕБОР презентираше нова платформа за електронските набавки

Емир Латифовиќ17/09/2015 - 15:43

Грантови за консултантски услуги од ЕБОР за македонските компании

Емир Латифовиќ17/04/2015 - 14:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен