Грантови за консултантски услуги од ЕБОР за македонските компании

Од:

Европската банка за обнова и развој нуди грантови за консултантски услуги за компании од Македонија кои имаат до 250 вработени. Висината на грантот ќе се определува според три критериуми и тоа големината на компанијата, каде е таа лоцирана и според видот на советот што и е потребен на бизнисмените.

Повисок грант, како што информира банката, ќе им се додели на мали компании со помалку од 50 вработени, како и на фирми кои се наоѓаат во помалку развиените региони, односно надвор од Скопје, а на кои им треба советување за стратегија, деловни процеси или инженерски решенија.

И покомплексните проекти како оние за енергетска ефикасност, стратегија, деловни процеси, инженерски решенија и финансиско известување ќе добијат повисок грант.

Специјална програма е дизајнирана за поддршка на бизниси предводени од жени на кои ќе им се доделат 10 проценти повисок грант од предвидените, а доколку компанијата користи финансии од ЕБОР или од некоја од партнер банките на ЕБОР во рамки на програмата за женско претприемништво, тогаш ќе се доделат дополнителни 10 проценти за трошоците за консултантски проект или бизнис – коучинг проектот, покривајќи максимум до 90 проценти од нето вредноста на проектот.

Би можело да ве интересира

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

Орце Костов

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Катерина Ѓуровски