ЕБОР презентираше нова платформа за електронските набавки

Од:

Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската банка за обнова и развој и BIP Solutions, а со поддршка на АД МЕПСО, денеска го презентираа воведувањето на Порталот за Е-набавки на ЕБОР (ECEPP).

Целта на презентацијата, која прв пат се одржува со добавувачи, е да се воведат потенцијалните добавувачи со набавките на ЕБОР во целина, посебно на ново развиениот ЕБОР Портал на клиенти за набавки, именуван како ECEPP.

Брижит Гонтрал од ЕБОР посочи дека на пазарот има голем број играчи и поради тоа се развива платформата за електронски јавни набавки.

Новата платформа ќе се користи за објавените тендери од 2016 година, а сега како пилот проект е воведена за МЕПСО. Ќе помогне да се заштедат пари и време и да се забрза процесот на јавни набавки.

Како што рече Гонтрал, ЕБОР дека има капитал од 30 милијарди евра. Работат во 35 земји на над 4.000 проекти во разни области.

Присутните на обуката се информираа за придобивката како да се регистрираат бесплатно на порталот ECEPP за online тендери за стоки, работи и услуги во рамки на проекти финансирани од ЕБОР, а ќе се направи и демонстрација на новата ECEPP платформа, како и на упатството за начинот на регистрација.

Би можело да ве интересира

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

Орце Костов

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Катерина Ѓуровски