ЕЛЕМ и ЕБОР продолжуваат со имплементација на проектот Бошков мост

Од:

ЕЛЕМ и ЕБОР продолжуваат да бидат посветени на имплементирање на проектот за хидро централата Бошков мост, откако ќе бидат соодветно разрешени сите предуслови поврзани со еколошката одржливост на проектот, информираат од Европската банка за обнова и развој.

Финансирањето на ЕБОР е условено од повеќе параметри при исплатата на средствата, вклучувајќи специфични еколошки и социјални предуслови, вклучени во Акцискиот план за екологија и социјални услови на самиот проект.

ЕБОР, во изјавата, наведува дека подготвителните работи за усогласување со барањата за еколошките и социјалните стандарди се во тек. ЕЛЕМ и надворешните експерти се ангажирани на изработка на натамошни студии за биоразноликоста и вложуваат значајни напори кон финализирање на потребните дополнителни студии, согласно регулативите на ЕУ.

Од ЕБОР најведуваат дека во насока на имплементирање на активностите, потребни согласно Акцискиот план за екологија и социјални услови, ЕЛЕМ и ЕБОР ќе продолжат да соработуваат со заинтересираните организации и експерти од релевантната област, со цел да се земат предвид научно заснованите совети и најдобрите пракси во подготовката, намалувањето на ризиците и мониторингот на активностите околу проектот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

Орце Костов

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти