Камионот кој пропадна во фонтаната имал дозвола за влез на плоштадот од Град Скопје

Од:

Камионот кој пропадна во фонтаната 2,5 милиони евра, имал дозвола за влез на плоштадот „Македонија“. Ова го констатирале екипи на полицијата кои извршиле увид по несреќата. Станува збор за возило сопственост на фирма од Турција. Дозволата му била издадена од Град Скопје. Возилото пропаднало неколку минути пред 7 часот утрово.

„Товарно возило ‘фиат’ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т.(31) од Република Турција, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од град Скопје, за снимање емисија пред ‘Камениот Мост’. Увид ќе врши екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Возилото на турската фирма е четврто по ред, кое пропаѓа во фонтаната изградена во време на градоначалникот Коце Трајановски. Претходно, за време на фестивалот „Пиволенд“ пропадна камион. Исто така и во 2017 година при пречекот на ракометарите на „Вардар“ пропадна возило. Лани, се преврте машина на „Комунална хигиена“.

Површинската фонтана во центарот на Скопје е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Дневна програма и вечерна забава утре на празничниот базар на плоштадот „Македонија“

ВИДЕО: Запросување кај „несреќната“ елка на скопскиот плоштад

Град Скопје контра МВР: Немаме издадено дозвола, возачот на камионот е приведен и изведен пред суд

Кристијан Ландов

Повторно пропадна камион во подната фонтана од 2,5 милиони евра на Плоштад Македонија

Горан Наумовски

Комунален камион повторно пропадна во фонтаната на плоштадот

Искра Манојлоска

ВИДЕО: „Визија Скопје“ покажа како би личел плоштадот во Скопје ако останеа дрвјата

Маја Илиевска-Пачемска