Комунален камион повторно пропадна во фонтаната на плоштадот

Од:

Новото еколошко камионче за чистење улици утрово пропадна во фонтаната на плоштадот Македонија.

„Инвестициите во човечки и машински ресурси несомнено придонесуваат за зголемување на продуктивноста и квалитетот, што на крај резултира со подобра конкурентност и подобар пласман на производите“, изјави минатата недела Зоран Заев на промоцијата на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини кое веќе се извезува.

Во 2017 година, во истата фонтана пропадна камион додека плоштадот се подготвуваше за прослава на спортска победа на македонските ракометари.

Од тогаш, таканаречената сува фонтана на плоштадот е оградена со мали столбови кои оневозможуваат поголеми возила да поминуваат преку неа.

Би можело да ве интересира

Дневна програма и вечерна забава утре на празничниот базар на плоштадот „Македонија“

ВИДЕО: Запросување кај „несреќната“ елка на скопскиот плоштад

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена

Советниците на СДСМ бараат вклучување на сите јавни претпријатија за решавање на проблемот со сметот

Градоначалниците на скопските општини се инфлуенсери: Арсовска им порача да си ги исчистат прво своите населби

Орце Костов