ВИДЕО: „Визија Скопје“ покажа како би личел плоштадот во Скопје ако останеа дрвјата

Од:

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно, да видат како би личел најстрогиот центар на Скопје ако место споменици останеа дрвјата, ако големата фонтана имаше друга намена или ако на врвот на постаментот не стоеше воин на коњ. Поинаквиот поглед на Скопје со порака дека на градот му требаат повеќе дрвја е дело на уметниците Јана Јакимовска и Ненад Тоникин преку проектот „Визија Скопје“. Тие преку употреба на визир – скици, кои два дена останаа на Плоштадот, понудија поинакви решенија за просторот за кој сметаат дека е узурпиран.

„Сведоци сме на безобразното и брутално узурпирање на јавниот простор во градот Скопје и тоа во последните 10 години, односно со почетокот на проектот Скопје 2014. Од тротоарите до плоштадите и парковите во централното градско подрачје јавните површини сè повеќе се намалуваат. Покрај физичкиот напад голема улога има визуелниот и естетскиот изглед на градот кој проектот Скопје 2014 го доведе до тотална катастрофа. Грдите, неквалитетни и прескапи згради и фасади, уништените паркови и зеленило, несразмерно големиот број лоши фигуративни скулптури на мала површина на плоштадот во Скопје создаваат слика на хорор и лудило која е наша реалност и секојдневие. ‘Визија Скопје’ е ликовен проект кој има за цел преку саркастичен, хумористичен, но и сериозен пристап да понуди можни решенија за изгледот на централното градско подрачје. Тоа е и коментар, но и критика на постојната состојба“, објаснија уметниците.

Шесте визир – скици со поглед на плоштадот од различни агли, стојат околу фонтаната од вчера, но кај граѓаните не предизвикаа голем интерес. Многу ретко некој застануваше да погледне дека она што реално е направено на плоштадот може да изгледа и поинаку.

„Визија Скопје“ е проект финансиски поддржан од Град Скопје во рамките на годишната програма за 2019 година.

Би можело да ве интересира

Дневна програма и вечерна забава утре на празничниот базар на плоштадот „Македонија“

ВИДЕО: Запросување кај „несреќната“ елка на скопскиот плоштад

Град Скопје контра МВР: Немаме издадено дозвола, возачот на камионот е приведен и изведен пред суд

Кристијан Ландов

Камионот кој пропадна во фонтаната имал дозвола за влез на плоштадот од Град Скопје

Кристијан Ландов

Повторно пропадна камион во подната фонтана од 2,5 милиони евра на Плоштад Македонија

Горан Наумовски

Комунален камион повторно пропадна во фонтаната на плоштадот

Искра Манојлоска