А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Камиони со 150 мигранти откриени во Демир Капија и Ваксинце, еден од возачите избегал

by А1он12/08/2020 - 11:2712/08/2020 - 11:28510
Share0

На 11.08.2020 во 08.50 часот од полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски споменик, Демир Капија, било сопрено патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, а веднаш по него и товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки.

Добивај вести на вибер

Возачот на товарното возило, А.М.(37) од Липково се дал во бегство, но по кратко бил пронајден. Во товарното возило биле пронајдени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија. Двајцата осомничени
биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Известен бил Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија, велат од МВР.

Во одвоен случај, исто така вчера, во 19.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот било пријавено дека на место викано „Врело“ во с.Ваксинце, Липково, било затекнато товарно возило „ивеко дејли“, со скопски
регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое им избегало на полицајците. Во возилото биле пронајдени 45 лица мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и Палестина. Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

demir kapijakamionmigranti

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2724/02/2026 - 09:42

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:14

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 14:4718/01/2026 - 14:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен