Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Од:

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, поради што сообраќајот од 17.10 часот попладнево е во прекин за сите возила во двата правца.

На патот, како што информира АМСМ, има расфрлани метални предмети што ги превезувал камионот.

Според АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Во прекин е товарниот сообраќај на Г.П. „Деве Баир“

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Трет ден блокада на камионџиите на „Деве Баир“