А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Каменувани автобуси, нападнати патници и ученици

by А1он06/03/2013 - 12:14205
Share0

Неколку поврдени лица, оштетени автобуси и друг имот, се последиците од серијата инциденти што се случија во Скопје во изминатото деноноќие, соопшти МВР.

Добивај вести на вибер

Пет-шест непознати лица вчера во 9,20 часот  во кругот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, по завршување на големиот одмор, го пресретнале ученикот Н.П.(17) од село Миладиновци и физички го нападнале, нанесувајќи му повреди.

Синоќа околу 19,10 часот во Скопје на бул. „Крсте Мисирков“, во автобус на ЈСП бр.9, шест до седум непознати лица ги нападнале Е.А.(16) и неговата другарка К.А.(17), удирајќи ги со тупаници по телата.

На ул. „Цветан Димов“ во Скопје на автобуската постојка кај „Јаја Паша“ синоќа околу  19,30 часот, А.Р.(17) откако се симнал од автобус на ЈСП бр.9, бил пресретнат од четири-пет непознати лица, кои физички го нападнале, нанесувајќи му повреди.

Автобуси на ЈСП, пак, синоќа биле каменувани на ул. „Првомајска“ во населбата Пинтија, и зад Поликлиника „Бит Пазар“. Нема повредени, но е причинета матријална шетата на автобусите.

Десет до петнаесет лица во саботата во близина на надвозникот кај Бит Пазар, сопреле автобус на ЈСП,  по што влегле внатре и физички го нападнале В.Г.(21) од село Марино, нанесувајќи му видливи повреди.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на инцидентитет и за пронаоѓање на сторитетлите.

crna hronika

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 11:26

Прегазено дете во Штип

Катерина Ѓуровски03/01/2021 - 13:08

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска30/12/2020 - 14:4731/12/2020 - 01:03

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски25/12/2020 - 22:13

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски25/12/2020 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен