Бизнисменот Орце Камчев е задржан на Клиниката за кардиологија. Таму му се направени неколку испитувања, а резултатите се очекуваат утре. Откако ќе пристигнат, докторите ќе решат дали и какви проблеми има, но и за тоа дали ќе се лекува во болнички услови. За ова е известен и затворот “Скопје” во Шутка.
Бизнисменот Орце Камчев попладнето е однесен со Брза помош на Клиниката за кардиологија во Скопје. Тој се пожалил на болки во градите и гушење.
Пред повеќе од една недела му се одредени нови 30 дена на Камчев за предметот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет, а поради опасност од бегство по барање на обвинителката Лиле Стефанова. Судењето против бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацови на Водно”, ќе почне на 16 јули.
„А1он“ повеќе пати се обрати во затворот „Скопје“ од каде велеа дека Камчев е редовно проверуван од домскиот доктор, нема поплаки за неговата здравствена состојба, односно дека нема проблеми со здравјето. Оттаму посочуваа и дека редовно му била давана и пропишаната хронична терапнија.
Бизнисменот Орце Камчев, во март, кога му беше одреден првиот притвор, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.