(ВИДЕО) Калајџиев: Ова е крајот на СЈО, беа злоупотребени само за да се бутне ВМРО од власт

Од:

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој е дел од работната група, која вчера и денеска во Министерството за правда дискутира за писмото на Катица Јанева, во кое се бара СЈО сите предмети да ги префрли во Јавното обвинителство, вели дека специјалната јавна обвинителка нема овластување ни во нормални услови а не пак во притворски да ги делегира предметите на друго обвинителство.

Калајџиев исто така вели дека нема никаков интерес за избор на нов специјален јавен обвинител на местото на Јанева, а за тоа смета дека се виновни политичките партии.

– Јанева предметите ги добила со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува од типот „после мене потоп“. Никаде во законот не се предвидува ова обвинителство да ги предаде сите предмети особено не во ваква ситуација каде нејзе и е завршен мандатот и каде нема политичка волја да се избере нов обвинител. Зошто и како не сакаат обвинителството да продолжи да работи треба да ги прашате политичките партии тоа е нивна одговорност. За избор на нов јавен обвинител очигледно не постои интерес и тоа е најстрашното што очигледно е дека ова е крај на СЈО. Не постои интерес да постои автономна институција која ќе се бори со организиран криминал. СЈО е злоупотребено само да се бутне ВМРО-ДПМНЕ од власт и ништо повеќе, тоа со жалење го констатирам, вели Калајџиев.

Според професорот ова е патот кон загушување на предметите кои ги води СЈО.

– Доколку на тој начин се затвори СЈО со оглед на тоа што се планира да се вратат истражителите назад ќе се направи двојна штета бидејќи тој концепт да добие обвинителството автономија со сопствени сили да биде контратржа на полицијата ќе умре со СЈО. Луѓето ќе се компромитираат, предметите ќе се развлечкаат. Во име на спасување на предметите кои се отворени по спорниот рок од 18 месеци веројатно ќе се загушат и ќе се обезличат напорите да се завршат другите предмети. Јас сум разочаран што после 4 години уште не дознавме кој прислушувал во Македонија што е само по себе една голема катастрофа, вели Калајџиев.

Тој исто така потсети дека нов специјален јавен обвинител според законот требало да се избере уште пред 3 месеци без разлика на аферата која излезе во јавноста.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов