Како се дефинира кавалитет, капацитет и историја кај фирма што не постотела, СДСМ го прашува Тошковски

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. Откако вчера јавно призна дека МВР доделило тендер вреден четири милиони евра и на фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот се скри и не одговори на клучните прашања кои ги поставивме, велат од СДСМ.

– Наместо да се крие и да се претставува како борец за правда, да излезе и да одговори веднаш. Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги исполни сите услови и да достави мостри за квалитет? Кој ѝ ги кажал условите однапред? Кој ја подготвил да учествува и да победи? Каде се тие мостри што ги доставила, кога фирмата не ни постоела? Тошковски вели дека се водел по „квалитетот“ на понудата. Како тоа се дефинира квалитет кај фирма без искуство, капацитет и историја на работење? Или квалитетот се квалитетни врски и провизии за Тошковски и ДПМНЕ? СДСМ бара, ИТНА постапка од Јавното обвинителство, распит на сите вклучени во тендерот, испитување на можни кривични дела: злоупотреба на службена положба, местење тендер и перење пари и поништување на целиот тендер, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус