„Како народ треба да работиме повеќе, а не помалку“, Заев не дава поддршка администрацијата да работи скратено во петок

Од:

„Како народ треба да работиме повеќе, а не помалку“, ваков беше коментарот на премиерот Зоран Заев кој одговараше што мисли за Предлог-закон за административни службеници со кој административците во петок треба да работат по скратено време од четири, наместо осум часа. Тој смета дека важно е да се подигне ефикасноста на јавната администрација, особено откако за време на пандемијата се утврдило дека дури и кога работи само 38 проценти од неа, системот функционира. Заев смета дека ваквото решение за скратено работно време на администрацијата лошо ќе се одрази на приватниот сектор, но сепак, треба граѓаните да кажат што мислат.

„Како народ треба повеќе да работиме, не помалку. Но како предизборно ветување на политичките партиципиенти во власта, допрва се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе кажат тоа што е реалноста во државата, а тоа е дека ако сакаме швајцарски плати треба да работиме повеќе од продуктивноста која сега ја имаме, сите, почнувајќи од себе па секако до сите работници, вработени во приватниот и јавниот сектор. Вториот дел е ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус. Видовме дека функционира системот и со 38% од лицата на работа, за време на брановите на пандемијата. Функционираше системот. Тоа кажува дека веќе постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени во таа полза и тоа треба да се слуша, тоа е очекувањето на граѓаните. Кога нешто е отворено на ЕНЕР систем, несоодветно е премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку тие да кажат кои се нивните очекувања. Ние како Влада ќе слушаме. Мојот впечаток е дека граѓаните очекуваат администрацијата која ја плаќаат да работи поефикасно“, рече Заев.

Тој објасни и дека во изминативе пет години се намалил бројот на административни работници.

„165 илјади беше администрацијата во 2016 година, сега е 132 илјади. Ги собравме податоците. Сакам да знаете сите дека најголем дел од администрацијата се во јавните државни или комунални општински претпријатија, без полицијата во униформа, здравствениот систем од доктори, медицински сестри, болничари и без армијата. Околу 15 илјади луѓе работат во министерствата како јавна администрација. Но, работат многу и во енергетските и железничките компании, во патишта, водовод, комуналните претпријатија“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов